4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's го снижи рејтингот на Грција подлабоко во неинвестициско ниво

Moody’s го снижи рејтингот на Грција подлабоко во неинвестициско ниво

mudisis

Американската бонитета агеција Moody’s го снижи кредитниот рејтинг на Грција подлабоко во неинвестициско ниво, наведувајќи ја како причина големата неизвесност во поглед на тоа дали Атина на време ќе постигне нов договор со кредиторите за да ги отплати долговите кои доспеваат.

Moody’s го снижи рејтингот на Грција за еден степен на „Caa2“ што е само два степена над нивото кое означува дека банкротот е неизбежен, при што се задржани негативните прогнози за рејтингот, пренесе агенцијата AFP.

Во образложението на одлуката се наведува дека актуелните тешки преговори помеѓу Атина и нејзините кредитори, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд не даваат надеж за договарање на нов пакет помош.

Исходот од преговорите, како што наведува Moody’s, пред се ќе биде решен на политичко ниво, додека постигнувањето на договор е многу неизвесно, а потенцијалната опасност од банкрот на Грција се зголеми, оценува американската агенција за оценка на кредитниот рејтинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП