5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Наивното сликарство на Словаците во Србија“ во НЛБ Тутунска банка

Изложба „Наивното сликарство на Словаците во Србија“ во НЛБ Тутунска банка

Image (85)

Денес, во 19.30 часот, во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка, свечено ќе биде отворена изложбата насловена „Наивното сликарство на Словаците во Србија, како дел од нематеријалното културно наследство“.

„Благодарение на Галеријата „Бапка“, македонските љубители на уметноста ќе имаат прилика по прв пат до сега непосредно да се запознаат со раскошниот талент и вештина на надалеку познатите сликари – наивци од Ковачица, како центар на наивното сликарство на Словаците во Србија“, вели Н.Е. Душанка Дивјак – Томиќ, Амбасадор на Република Србија во Република Македонија

„Коачичкото наивно сликарство, во своите 65 години од постоењето стана поим што храбро можеме да го наречеме „ковачички наивно – уметнички феномен“ на тамошните Словаци. За овие самоуки сликари пишуваат и најчитаните светски списанија за уметност, а добија и свој простор во енциклопедијата на светската наивна уметност. Ковачичката наивна уметност е на најдобар пат да стане дел од нематеријалното културно наследство на УНЕСКО. Тоа е заслуга на тие најоригинални сликари, денес веќе починатите основоположници на ковачичката школа – Мартин Јонаш и Зузана Халупова, на кои на овој начин им ја изразуваме нашата почит“, вели Н.Е. Мартин Безак, Амбасадор на Република Словачка во Република Македонија

Изложбата е под покровителство на Амбасадорот на Република Србија во Република Македонија Н.Е. Душанка Дивјак – Томиќ и Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија Н.Е. Мартин Безак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП