23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрапи инвестираат 300 милиони евра во „Белград на вода“

Арапи инвестираат 300 милиони евра во „Белград на вода“

Beograd-na-vodi

Според договорот за изградба на „Белград на вода“, земјиштето на кое ќе се подигне станбено-деловен комплекс ќе биде издадено под закуп на 99 години, проектот ќе биде завршен за најмногу три децении, а инвеститорите од Обединетите Арапски Емирати, компанијата „Eagle Hills“ ќе инвестираат 300 милиони евра, вели градоначалниот на Белград, Синиша Мали.

„Тие 300 милиони евра се само почеток во инвестирањето“, изјави Мали, откривајќи одделни детали од договорот кои допрва ќе бидат објавени.

„Земјиштето го издадовме под закуп без надокнада и за тоа добивме 32 проценти во компанијата „Белград на вода“ д.о.о. На тој начин Република Србија добива дел од профитот кој оваа компанија ќе го оствари“, нагласи Мали.

„За изградба на два милиони квадрати се потребни 3,5 милијарди евра. Инвестирате 300 милиони и правите 300.000 квадрати, профитот од нивната продажба го инвестирате повторно, па така и инвеститорот не треба веднаш да даде 3,5 милијарди евра во кеш“, објаснува Мали.

Мали изјави дека инвеститорот е обврзан да инвестира 150 милиони евра од сопствениот капитал, плус 150 милиони преку позајмици на основачот. Тука се и можностите за земање на кредит и финансирање со аванс од однапред продадените станови.

Минималните услови за кредит ги пропишува Народна банка на Србија, но кредитот на основачот му се дава со попогодни услови отколку класичниот комерцијален кредит и не постои рок во кој тој мора да се врати, изјави Мали.

Sinisa-Mali

„Тоа беа условите на Арапите – ќе дадат 150 милиони евра плус уште толку, се останато ќе земат од банките и препродажбата на станови“. Треба да се согледаат бенефитите кои Србија ги има од проектот, додава Мали, големата промоција, бидејќи сите знаат за него, потоа инвестициите во инфраструктурата и градежната индустрија, зајакнувањето на трговијата и терцијалниот сектор, станува збор за милијарди евра. Тоа е поширока слика која треба да се разбере.

Мали вели дека во договорот стои дека кога ќе бидат избирани изведувачи на работите, со еднакви услови, српските изведувачи имаат предност. Тоа значи дека, ако српска и странска компанија дадат понуда за услуги или материјали по иста цена, српската компанија, според одредбите од договрот, секако ќе има предност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП