9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ХЕЦ Шпиље: За четири месеци произведени 140 милиони киловат часови

Во ХЕЦ Шпиље: За четири месеци произведени 140 милиони киловат часови

spilje 340

Во периодот јануари – април,  во  хидроцентрала „Шпиље“ кај Дебар се прозведени околу 140 милиони киловат часови електрична енергија или нешто повеќе од 40 отсто од годишниот план. Според претставниците на оваа хидроцентрала, во споредба со првите четири месеци од минатата година, производоството е повисоко за 10 отсто.

Инаку, во Дебарското Езеро има резерви вода за производство на само 15 милиони киловат часови електрична енергија односно половина од просечните резерви на вода што ги има Дебарското Езеро.

Во оваа централа која е дел на системот на „Централи на Црн Дрим“  велат дека моментално дотокот на вода во езерото е над 100 метри кубни во секунда, а до највисоката кота на нивото на езерото има 12 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП