5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонија го прославува Светскиот ден на џезот

Македонија го прославува Светскиот ден на џезот

Image (83)

Трета година по ред, агенцијата Баги Комуникации се приклучуваат кон светската прослава на Меѓународниот Ден на џез музиката, кој се прославува на 30 април.

Оваа година Баги Комуникации и Skopje City Mall, со концерт заедно ќе го одбележат Меѓународниот Ден на џез музиката.

За време на Генералната конференција на УНЕСКО во ноември 2011, меѓународната заедница го прогласи 30 април за Меѓународен Ден на Џезот.

Намерата на прогласувањето на Меѓународниот Ден на Џезот е зголемување на свеста кај меѓународната заедница за вредностите на Џез музиката како едукативна сила, алатка за промовирање на мирот, заедништвото, дијалогот и зајакната соработка помеѓу луѓето.

Денот на Џезот за прв пат e прославен во април 2012 година под лидерство на Херби Хенкок, една од легендите на светската Џез сцена и Амбасадор на добрата воља на УНЕСКО.

Концертот ќе се одржи на 30 април, пред Skopje City Mall, на отворен простор, ќе биде бесплатен за посетителите и ќе започне во 18 часот.

Учесници на концертот ќе бидат Марти Ивановски, Bass & Glas, Ади, Дино и Џоле Трио и Давид Нешковски Трио.

Овогодинешната прославата на Меѓународниот Ден на џезот ќе биде посветена на прерано починатиот македонски џез музичар Јовица Јовановски и на кубанскиот перкусиониста Оскар Салас, кој последните години од својот живот ги помина во Македонија. И двајцата музичари беа дел од минатогодишната прослава на Баги Комуникации.

Медиумски покровители на настанот се: Метрополис Радио Мрежа, Радио Буба Мара и Радио Слободна Македонија.

Меѓународниот ден на џезот 30 април, годинава во Битола ќе биде одбележан со концерт на Мицанов, Поповски, Јосифовски и Стевковски квартет.  Настанот е во организација на УНЕСКО младински клуб на  МКЦ – Битола во соработка со Порта Џез, со што Битола по трет пат се вклучува во оваа глобална акција.

„Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува настапи и концерти во преку 100 земји во светот. Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство. Поради овие вредности УНЕСКО го поттикнува и охрабрува одбележувањето на овој ден“, рече д-р Сашо Додовски, директор на МКЦ Битола.

Концертниот настан ќе се одржи во четврток 30 април 2015 година во кафе барот Порта Џез во Битола, со почеток во 21.30 часот, при што влезот е слободен за сите љубители на добрата музика. Бендот, на настапот во Битола, ќе изведе неколку авторски џез композиции на Мицанов и на Поповски како и модерни џез стандарди, со што публиката ќе има можност да проследи една концертна промоција во живо на она што се нарекува модерна тенденција во современиот џез (contemporary jazz).

Инаку,Гоце Мицанов е легендарен саксофонист со извонредно богата музичка кариера. Меѓу другото бил долгогодишен член на најпознатиот македонски бенд Леб и Сол, во групата Парамециум и како член на Биг Бендот на МРТ. Тој е можеби едниствениот македонски музичар кој има настапувано заедно со светската музичка и џез легенда Реј Чарлс.

Дел од бендот ќе бидат и Оливер Јосифовски – контрабас инаку познат и како лидер на македонската група Љубојна и Гоце Стевковски – тапани кој неодамна го промовираше неговиот прв самостоен албум „7 приказни“, а бил дел и од многу наши познати бендови како Бодан Арсовски Езгија Бенд, Архангел, Леб и сол, Проект Жлуст, ДНО и други бројни џез проекти.

По втор пат оваа година Домот на младите во Штип се вклучува во семејството организации кои го обележуваат меѓународниот ден на џезот, 30-ти април.

Меѓународниот ден на џезот ќе се одбележи со музиката на најпознатите џез артисти и нивната изведба во овогидинашниот град на џезот – Париз. Имено настанот предвидува директно вклучување и следење во живо  на олстар концертот  кој ќе се одржува во Париз, во организација на УНЕСКО.

На концертот ќе настапат најпознтите џез музичари во светот. Herbie Hancock, Marcus Miller, Al Jarreau, Wayne Shorter, Dianne Reeves, Dee Dee Bridgewater, Rudy Perez, Terri Lyne Carrington, Dhafer Youssef, Femi Kuti, Ben Williams, John Beasley, Hugh Masekela, Till Bronner, Claudio Roditi, A Bu, Gregoire Maret, Lee Ritenour, Mino Cinelu, Igor Butman, Antonio Farao, Guillaume Perre и многу други. Со оглед на тоа дека Соединетите Американски Држави се колевка на џез музиката, а Американското катче од Штип е претставник на американската култура во нашиот град, тие се приклучуваат кон настанот во Домот на младите и ќе обезбедат дванаесет фотографии од најпознатите џезери во светот.

Фотографиите ќе бидат изложени во холот на домот на младите. Сите љубители на џез музиката кои сакаат да го проследат централниот настан по повод меѓународниот Ден на џезот во полежерна клубска атмосвера, на голем видео скрин и со одлично озвучување, тоа да го сторат во четврток во 21 часот во Домот на младите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП