6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПакет мерки за земјоделците кои претрпеа штети од поплавите

Пакет мерки за земјоделците кои претрпеа штети од поплавите

poplaveno-zemjishte

Владата ќе издвои 30 милиони денари за помош на земјоделците кои претрпеа штети од неодамнешните поплави, што претставува 30 проценти од вкупната проценета штета.

Покрај ова, од Агенцијата за стокови резерви, на десетици земјоделци евидентирани во регистарот ќе им биде отстапена сточна храна во висина од 750 килограми пченка и 12 тони јачмен.

Во текот на април ќе биде распишан и оглас за доделување државно земјоделско земјиште во обем од 850 хектари што ќе биде наменето исклучиво за одгледување сточна храна. Ќе се направи и хемиска и бактериолошка анализа на почвата која беше зафатена од поплавите.

Ова се дел од третиот пакет мерки што Владата ги презема за помош на населението кое беше зафатено од поплавите.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, денеска на прес-конференција информираше дека според направените проценки и пресметки како резултат на поплавите, настаната е штета во вредност од 100 милиони денари на околу 2.000 индивидуални земјоделски стопанства.

Најголем дел се во Струмичко – 1.640, по што следуваат Радовишко 180, Богданци – Гевгелија 100, Штип 50, Велес 25 и Кочани 15. Во Битола целокупната штета е предизвикана на земјоделски комбинат, а во Ресен и Валандово поплавени биле земјишта со насади каде што не настанала штета.

Штетите се со различен процент на оштета, а гледано по култури најголема штета има кај зелката – 40 милиони денари, доматот – 25 милиони денари, краставицата – 11 милиони денари, луцерката – 6 милиони денари, пченицата – 5 милиони денари, пиперот – 3 и компирот и марулата по еден милион денар.

Ѓорѓиев инфомира дека е одлучено покрај регистрираните земјоделци, оштета да добијат и оние земјоделци кои не се евидентирани во регистарот, а кои се околу 10 проценти од оштетените.

– Владата останува посветена на следење на состојбите и давање поддршка на зејоделците, нагласи Ѓорѓиев и уште еднаш апелираше до земјоделците да ги осигураат своите имоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП