2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските пензии од јуни се зголемуваат за два отсто

Германските пензии од јуни се зголемуваат за два отсто

Image (81)

Силината на германската економија би требала да резултира со зголемување на пензиите, почнувајќи од јуни, за два отсто.

Зголемувањето на пензиите за 2,1 отсто за пензионерите во западна Германија и за 2,5 отсто за оние во источна Германија ќе биде најголемо во последните неколку години.

За пезионерите кои живеат на просторот на некогашна источна Германија тоа ќе значи зголемување на нивните пензии на ниво од 92,6 отсто во однос на пензите во некогашна западна Германија.

Зголемувањето на пензиите уследи и покрај тоа што Германија ги повикува другите, економски послабите членки на еврозоната да воспостават контрола над пензиските системи, што неретко резултриаше со кастрења, но и негодување на сметка на Германија.

Во 2014 година пензиите во Германија беа зголемени за 1,67 отсто во западниот дел и за 2,53 отсто во источниот дел.

„Рекордното ниво на вработеност и порастот на платите овозможија стабилно и одржливо финансирање на исплатата на пензиите“, рече министерката за социјална политика, Андреа Нахлес.

Сепак, германските здруженија на пензионерите се скептиични, па и натаму предвидуваат иднина без многу зголемување на пензиите во која куповната моќ на пензионерит веќе се намалува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП