8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под притисок на обемната понуда и промените во Саудиска...

Цената на нафтата под притисок на обемната понуда и промените во Саудиска Арабија

nafta bareli2

Цената на нафтата на меѓународните берзи падна под притисок на прекумерната понуда и неочекуваната објава на промени во редот на наследување во Садуска Арабија.

На лоноднската берза цената на барелот падна за 44 центи во однос на вчерашното затворање и изнесува 64,20 долари, а на американската берза со барелот се тргува по 50 центи пониска цена, од 56, 56 долари.

Кралот на Саудиска Арабија, Салман го смени својот престолонаследник, помладиот полубрат принцот Мукрин и на негово место го постави министерот за внатрешни работи Мухамед бен Најеф, кој досега беше втор во редоследот на наследување, објави кралската палата. Со указот се прецизира дека принцот Мухамед бен Најеф е именуван за престолонаследник како и за заменик премиер, а ќе ја задржи и функцијата министер за внатрешни работи. Именувани се и неколку други нови министри.

Промените во Саудиска Арабија влијаат на цените на нафтата, со оглед дека стабилноста на најголемиот светски извозник се смета за клучна за глобалното снабдување.

Трговците и аналитичарите изјавуваат дека не им е јасно како саудиската нафтена политика ќе влијае на промените во време кога нафтениот пазар е прекумерно снабден и се соочува со сезонско намалување на побарувачката.

„Сметам дека нема да има никакви несогласувања во поглед на идејата да се одржува досегашното ниво на производство и да се штити пазарниот удел“, смета Клемент М. Хенри од институтут за Блискиот исток при универзитетот во Сингапур.

Обемот на производство во Лондон нагло падна по саудиската објава за промените во редот на наследување, за да закрепне по неколку часа.

„Ниту смртта на садусикиот крал ред неколку месеци немаше долготраен ефект на цените, така што овие промени нема да имат долготраен ефект“, рече Тамаш Варга од лондонски PVM Oil Associates. Фундаментите укажуваат на слабост на пазарот, оценуваат аналитичарите.

„Понудата сеуште пребрзо расте, а високите залихи веројатно ќе бидат товар на цените уште некое време“, наведоа аналитичарите на Barclays. Забавувањето на економскиот раст исто така ги притиска цените.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка нејзина нафта во вторникот изнесуваше 60,41 долари, што значи дека паднала за 65 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП