24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем на кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа

Саем на кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа

Image (80)

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денес присуствуваше на Саемот на кариера во организација на Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово.

На саемот годинава учествуваат 30 компании, кои се потенцијални работодавачи на студентите кои се високото образование го стекнуваат на Штуловиот Универзитет.

„Податоците говорат дека  речиси 50 отсто од студентите од овој универзитет успеваат да

се вработат една година по дипломирањето, а над 12 отсто успеваат да се вработат уште пред да ја земат дипломата в рака. Тоа значи дека на Универзитетот на Југоисточна Европа се школува кадар според најсовремени наставни планови и програми, кои се во тесна врска со потребите на бизнис заедницата. Токму затоа можам да кажам дека компаниите кои учествуваат на саемот го направиле вистинскиот чекор. Ќе се претстават пред високообразован кадар за кој убеден сум дека многу наскоро ќе биде дел од нивниот тимот“, рече Адеми.

Адеми додаде дека му претставува задоволство да учествува на настани на кои постои непосредна поврзаност на бизнис заедницата со образованието.

„Една од целите на секоја земја, на секоја Влада е да се зголеми вработеноста, пред се на младите луѓе, бидејќи тие се движечката сила на секое општество. Тие се нашите инженери, нашите доктори, нашите професори, тие се луѓето кои  ја градат иднината на нашата држава. Саемот на кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа, дава голем придонес за вакви успешни приказни“, рече Адеми.

Годинешниот Саем на кариера на Штуловиот универзитет,се одржува по јубилеен десети пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП