17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад две милијарди долари штети од потресот во Непал

Над две милијарди долари штети од потресот во Непал

nepal 35

Разорните потреси од 7,8 и 6,7 степени по Рихтер кои изминатиот викенд го погодија Непал, усмртувајќи најмалку 5.000 лице и оставајќи без домови неколку милиони лица, предизвикаа економски загуби од околку две милијари долари, но само мал дел од загубите се покриени со полиси за осигурување, извести компанијата Kinetic Analysis Corp.

Дополнителни штети од потресот во соседна Индија би можеле да предизвикаа уште околу 800 милиони долари загуба, според проценките на моделот на катастрофи кој вклучува и имотни штети и трошоците од прекин во работењето.

Според првичните податоци Kinetic Analyisis, помалку од еден отсто од загубите се покриени со осигурување, со тоа што проценките ги исклучуваат трошоците како што се прехрана на населението во катастрофални ситуации.

„Повеќе држави во развој немаат доволно зрела осигурителна индустрија. Нив осигурувањето и не ги интересира многу“, истакна Чак Ватсон, директор на истражувањето на Kinetic Analysis.

Вкупната премија на осигурителните компании во Непал во 2013 година изнесувала околу 277 милиони долари, од што повеќето се полиси за животно осигурување. Трошоците за осигурување од автомобилска одговорност или осигурување на имоти во оваа сиромашна азиска држава изнесуваат помалку од 4 долари по жител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП