2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид со раст на консолидиран извоз од 24 отсто во првиот квартал...

Алкалоид со раст на консолидиран извоз од 24 отсто во првиот квартал од 2015-та

20121711-alkaloid33

Македонскиот фармацевтски и регионален гигант „Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првиот квартал од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавени во средата.

Во периодот јануари – март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2.085 милиони денари, што е за 11 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за цели 24 проценти.

Зголемување од 7 отсто е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првиот квартал годинава достигнува 324 милиони денари, додека нето консолодираната добивка од 199 милиони денари е зголемена за 4 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во првото тримесечје од годинава, продажбите на „Алкалоид“ достигнуваат 1,5 милијарди денари, што е за 5 отсто повеќе во споредба со истиот лански период. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 282 милиони денари, бележи зголемување од 6 отсто, додека нето добивката е зголемена за 3 проценти.

Во периодот јануари/март 2015 година во „Алкалоид“ се реализирани 27 нови вработувања во Република Македонија, се додава во информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП