ЕКОНОМИЈА

Презентирани инвестициските можности на Македонија во Украина

pes ukraina

Вицепремиерот задолжен за економски прaшања, Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески и амбасадорот на Македонија во Украина, Столе Змејкоски, ги презентираа поволностите и можностите за инвестирање во Република Македонија на бизнис форум во Киев.

Бизнис форумот е во заедничка организација на Амбасадата на Република Македонија во Украина и компанијата KPMG, а присуствуваа претставници од вкупно 40 компании.

За време на посетата на Украина, вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески поволните услови за инвестирање во Република Македонија ги презентираа на уште два бизнис форуми, организирани во соработка со Стопанската комора на Украина и во соработка со Украинско – Британската комора за трговија. Со тоа вкупниот број на компании пред кои беа презентирани предностите за инвестиции во македонската економија надмина бројка од 100 компании.

Дополнително, вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески, одржаа повеќе работни средби со претставници на компании од различни бизнис сектори кои пројавија особен интерес за инвестициските можности во Македонија.