22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи во минус втор ден по ред

Европските берзи во минус втор ден по ред

Traders are pictured at their desks in front of the DAX board at the Frankfurt stock exchange

Цените на акциите на европските берзи во средата благо паднаа по почетниот раст, бидејќи инвеститорите се внимателни поради неуверливите деловни податоци на компаниите и седницата на Фед.

FTSEurofirst  индескот на 300 вдечки европски акции околу 12.00 часот беше во минус 0,2 отсто, на 1.614 поени, откако вчера потона за 1,5 отсто.

Лондонски FTSE околу пладне беше во плус 0,05 отсто, на 7.033 поени, а франкфуртски DAX 0,0 отсто, на 11.821 поен, додека париски CAC ослабна 0,10 отсто на 5.169 поени.

На самиот почеток на денешното тргување индексите беа во позитивна зона, благодарение на добрите деловни резултати на неколку компании, како што се британскиот трговски синџир Next и шведската банка Handelsbanken.

Меѓутоа, уследија послаби од очекуваните финансиски извештаи на компаниите, како BBVA, British American Tobacco и белгискиот трговски синџир Delhaize.

Со оглед дека FTSEurofirst 300 indeks од почетокот на годината скокна 22 отсто и проценките за квартални деловни резултати на европските компании се највисоки за последните години, дел од инвеститорите се одлучија да се повлечат од пазарот.

„Засега деловните резултати на компаниите се мешани, па вчера видовме дека дел од инвеститорите почнаа да се повлекуваат од пазарот, што би можело да продолжи до крајот на неделата“, вели Мајк Ројтер, брокер во компанијата Tradition.

Инвеститорите се внимателни и поради тоа што денеска завршува дводвената седница на американската централна банка. Иако никој не очекува дека Фед ќе најави зголемување на клучните каматни стапки уште во јуни, бидејчи растот на американската економија забавува, пораките би можеле да влијаат врз берзите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП