25 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz развива спортско купе со 400 КС

Mercedes-Benz развива спортско купе со 400 КС

mec kupe2

Германскиот производител на автомобили „Mercedes-Benz“ развива ново спортско купе кое ќе стане дел од следната генерација на семејството „A-Class“, објави „Autocar“. Моделот ќе дебитира пред публика најрано во 2019-та година.

Новото купе ќе биде базирано на втората генерација на платформата „MFA“, развиена во соработка со Алијансата „Renault-Nissan“. Тоа ќе располага со 2+2 места, а дизајнот ќе потсетува на оној на „AMG GT“. Моделот ќе добие багажник со зафатнина од 350 литри.

Според неофицијалните податоци, за моделот е предвиден 2,0-литарски бензински турбо мотор, чија моќ ќе достигне, а може дури и да надмине 400 КС. Агрегатот ќе работи во комбинација со 6-брзински автоматски менувач со две спојки.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај моделот ќе трае околу 4,5 секунди, а максималната брзина ќе биде 250 км/ч. Новото купе ќе се нуди во две верзии – со систем за погон на сите четири тркала „4MATIC“ или само со преден погон.

Освен тоа германската компанија започнува развој и на нов роудстер, кој ќе го замени „SLK“ (SLC) моделот во палетата на брендот. Неговото производство треба да започне во 2020-та година. Тогаш ќе излезе и компактен кросовер, кој ќе се натпреварува со „Audi Q1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП