4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Насликано време“ од Стојан Тарапуза

Промоција на книгата „Насликано време“ од Стојан Тарапуза

Stojan-Tarapuza-Naslikano-Vreme-01a

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ја промовира книгата „Насликано време“ од Стојан Тарапуза, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2014 на ДПМ.

За најновата поетска книга за деца на Тарапуза ќе зборува проф.д-р Кристина Николовска  а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов. Промоцијата ќе се одржи во среда, во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 19 часот.

Стојан Тарпуза, роден е во 1933 година во Злетово. Пишува поезија и проза за деца и поезија за возрасни. Автор е на многу дела од македонската литература за деца. Негови попознати книги се: „Дамбара, дунбара“, „Деновирки“, „Седум брода“,„Ѕуница пауница“,„Златици крилатици“, „Зборови по дворови“, „Шарки жарки“ и други. Добитник е на повеќе награди и признанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП