12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна да се асфалтира во индустриската зона „Прилеп 1“

Започна да се асфалтира во индустриската зона „Прилеп 1“

pir gradenje

Во тек се градежните активности околу поставување на асфалт во индустриската зона „Прилеп 1“ каде ќе биде изградена патна инфраструктура во должина од седумстотини метри, за што од буџетот на Општината издвиени се 13 милиони денари.

Минатата година во зоната се одвиваа градежни активности околу изградба на фекална, атмосферска и водоводна канализација, а оваа година предвидено е во истата да биде изградена и дел од патната инфраструктура, информираат од општината.

Досега во индустриската зона „Прилеп 1“ започната е градба на пет компании, а се очекува наскоро со градба да започнат уште две.

Градоначалникот Ристески пред новинарите истакна дека за потребите на инвеститорите во скоро време на продажба ќе бидат понудени повеќе од десет парцели во индустриската зона „Прилеп 2“ која се наоѓа кај Сточниот пазар.

Исто така во тек се градежни активности околу изградба на потребната инфраструктура и подготовка на теренот во технолошко индустриско развојната зона „Алинци“ каде свој производствен капацитет треба да започен да гради познатата компанија „Гентерм“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП