21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПерунковски и Бошев најдобри бармени во Македонија

Перунковски и Бошев најдобри бармени во Македонија

Image (79)

Првопласираните бармени Методи Перунковски и Александар Бошев, на Државното првенство на бармени, што се одржа во Охрид, со нови рецептури, ќе го претставуваат Здружението на бармени на Македонија на World Cocktail and Flairtending Competition во Софија, Бугарија од 10 – 15 октомври во Кемпинкси Хотел.

Здружението на бармени на Македонија, во одлични услови во најтуристичкиот град Охрид го заврши 8. Државно првенство на бармени кое се одржуваше во Кафе бар „Ликвид“.

Вкупно 18 натпреварувачи од цела Македонија, се бореа за титулата Бармен на Македонија.

Условите за работа на Бармените, поставени според светските стандарди на IBA (International Bartenders Association), им овозможија на 16 момци и две девојки да ја  претстават сопствената креација на рецептури пред интернационалното жири составено од: Никола Мердовиќ – Секретар на Здружението на Бармени на Црна Гора во улога на Официјален судија на натпреварот, Рајко Мијач – Претседател на Здружението на Бармени на Црна Гора во улога на судија на првенството, како и Веселин Чаваркапа – актуелен шампион од Црна Гора, како член на комисија за оценување. Македонското жири го сочинуваа Јовица Наков – дел од бордот на Асоцијацијата на Бармени на Македонија и Сашо Граматиковски – Декан на факултетот за Туризам и менаџмент од Скопје.

Учесниците кои беа дел од квалификациите, се оценуваа според неколку критериуми: техника на изведба на класична подготовка на коктел (оценувано од технички судии), работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија, и secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена). Во квалификациите, натпреварувачите подготвуваа два коктела.

Од сите пријавени учесници, според оценките на стручното жири, дванаесет од нив во финалето се бореа за титулата Бармен на Македонија за 2015. Во финалето, критериумите и оценките се исти, а се пренесуваа поените во техника од квалификациите, додека судиите за оценување на вкус беа променети.

Финалистите беа поделени во четири групи по тројца натпреварувачи на сцена. Веднаш по претставувањето на финалистите во класична подготовка на коктели, се претстави единствениот натпреварувач во категоријата Флертендинг (акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема).

Победниците во класична подготовка на коктели се:

  1. место: Методи Перунковски 176 поени – коктел Selfie
  2. место: Никола Јосески 171 поен – коктел Lake of Bubbles
  3. место: Васил Пеевски 168 поени – коктел Ruby Royal

Победник во категорија флертендинг:

  1. место: Александар Бошев – коктел Tropic thunder

Во рамките на Државното првенство во Охрид, се одржи и едукативен семинар, за учесниците, а би рекол дека станува збор за спектакл поради тоа што самата презентација не може да се опише, мора да се доживее.  Темата беше Мастерклас Diageo Reserve by Soul Shakers. Бармените од Македонија ја имаа таа чест по втор пат да ги откријат тајните на првиот победник на Diageo Reserve World Class, Аристотелис Пападопулос и Никос Арсланоглу, учесник на Diageo Reserve World Class. Целта на семинарот е да се едуцираат натпреварувачите за вискито воопшто, како и да се разбијат табуата дека вискито се пие само чисто. – Изјави Дарко Ангелески, претседател на Здружението на Бармени на Македонија

Рецептури на победниците во класична подготовка на коктели:

  1. место: Методи Перунковски 176 поени – коктел Selfie

состојки:

Havana Club Especial

Becherovka

Puree Mango

сок од портокал

сок од калинка

сируп од зелен лимон

декорација: цвекло, краставица, портокал, лимон

  1. место: Никола Јосески 171 поен – коктел Lake of Bubbles

Smirnoff Vanila

Malibu

Monin Green Bannana

сок од лимон

Пире од манго

сок од јагода

 

  1. место: Васил Пеевски 168 поени – коктел Ruby Royal

Smirnoff Green Apple

Marie Brizard Watermelon

Monin syrup passion Fruit

пире Monin Raspberry

сок од зелен лимон

сок од ананас

Рецептура на победникот во флертендинг:

  1. место: Александар Бошев – коктел Tropic thunder

Havana Rum

Liqueur Marie Brizard- tropical mango

Syrup Monin- watermellon

сок од зелен лимон

сок од ананас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП