8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на Delhaize, очекуваат подобар

Намален профитот на Delhaize, очекуваат подобар

delhaize 2222

Белгискиот трговски дистрибутер „Delhaize“ во првиот квартал забележал помал профит од очекуваниот, поради инвестициите за обнова на клиентите на домашниот пазар.

Оперативниот профит во првиот квартал се намалил за 11,2 проценти, во однос на истиот период една година претходно, на 173 милиони евра, додека аналитичарите предвидуваа 180 милиони евра профит, пренесува Ројтерс.

Во Белгија, каде што „Delhaize“ се соочува со жестока конкуренција и социјални протести, продажбата во неговите супермаркети е намалена за 2,8 проценти, што сепак е подобро од прогнозата на аналитичарите кои очекуваа пад од 4,6 проценти.

Од оваа компанија, која најголем дел од приходите ги остварува во САД, порачуваат дека при крај на првиот квартал констатирале подобрување на домашниот пазар, додавајќи дека очекуваат раст на профитот и продажбата во втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП