2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФридом Хаус: Македонија со најмала медиумска слобода на Балканот

Фридом Хаус: Македонија со најмала медиумска слобода на Балканот

novinari 33

Рестриктивните закони и насилството врз новинарите придонесоа за глобално опаѓање на слободата на печатот во 2015-та година, донесувајќи ја на најниско ниво во последните повеќе од 10 години, при што Македонија е најлошо рангирана на Балканот, соопшти „Фридом Хаус“ во извештајот објавен денеска.

Земјите добиваат бодови за состојбата, од 0 за најслободните до максимум 100 за најмалку слободните.

Резултатот на Македонија е 58, со што е најлошата земја на Балканот, пишува во извештајот.

„Неколку земји во Западниот Балкан и натаму се со загрижувачки тренд за кршење на слободата на медиумите во 2015-та година. Состојбата на медиумите е обележана со неколку заеднички проблеми: користењето на законите за клевета и навреда од политичарите и бизнисмените за да се сузбие критичкото известување; провладина политика во јавните радиодифузни сервиси, притисоци врз уредници од страна на политичките водачи и приватните сопственици, што доведува до самоцензура; застрашување, закани и напади врз новинари за кои не се изрекуваат казни, како и нејасна сопственичка структура. Резултатот на Македонија опадна за 10 поени во изминатите 10 години, со што е најлошата земја на Балканот“, се вели во извештајот.

Извештајот забележува за Македонија дека неколку „опозициски ориентирани медиуми беа затворени во изминатиот петгодишен период, а новинарот Томислав Кежаровски остана во притвор во 2014-та година поради сомнителните обвиненија дека го открил идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство“.

Во извештајот се наведува дека Белорусија, Крим, кој е под руска окупација, Иран, Туркменистан и Узбекистан се меѓу 10-те најлоши земји и територии во светот според слободата на печатот. На Балканот, најголем пад бележи Србија чиј премиер Александар Вучиќ е критикуван за непријателска реторика и притисок врз независните медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП