27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските брзи паднаа, еврото се поправа, нафтата поевтинува

Азиските брзи паднаа, еврото се поправа, нафтата поевтинува

Chinese stock investors check their shar

На азиските берзи во денешното претпладневно тргување, цените на акциите паднаа и покрај вторничниот подем на индексите на њујоршки Волстрит, во очекување на исходот од дводневната седница на американската централна банка Federal Reserve (Fed), додека еврото го поправи својот курс во однос на доларот, а нафтата благо поевтини.

Берзанските индекси во Сингапур, Хонгконг, Шангај, Јужна Кореја и Австралија беа во средата претпладне во минус меѓу 0,1 и 0,4 отсто, а на берзата во Токио поради празници, денеска не се работи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус 0,6 отсто.

Имајќи предвид дека не работи токиската берза, обемот на тргувањето е многу слаб, додека цените на акциите во Хонгконг и во Шангај се под притисок поради добитните продажби. Имено на двете берзи цените на акциите со месеци силно растеа, бидејќи вложувачите се надеваат поагресивни поттикнувачки мерки на кинеските власти, имајќи предвид дека растот на кинеската економија веќе подолг период забавува. Меѓутоа, последните денови тој раст на акциите е забавен, бидејќи дел од инвеститорите се одлучија да ја повлечат заработката од пазарите.

Азиските инвеститори не ги охрабри ниту подемот од вторникот на индексите S&P 500 и Dow Jones на њујоршки Волстрит, бидејќи на најголемата светска берза се тргуваше внимателно, во услови кога кварталните деловни резултати на компаниите не влеваат доверба. Рака на срце, повеќето од нив објавуваат подобри резултатите отколку што се очекуваше, но проценките на аналитичарите беа поставени премногу ниско, па на компаниите не им претставуваше проблем да ги надминат.

Внимателноста на инвеститорите е последица и на почетокот на дводневната седница на челниците на американската централна банка. Иако речиси никој не очекува дека Fed ќе најави зголемување на клучните каматни стапки веќе во јуни, бидејќи растот на американската економија забавува, пораките коишто ќе бидат објавени подоцна денеска би можеле значително да влијаат на пазарите.

Оттаму, и на валутните пазари во средата претпладне владее претпазливост, при што американскиот долар го продолжи слабеењето започнато во вторникот навечер по средноевропско време. Така еврото се движи утрово околу 1,0965 долари, недалеку од највисокото ниво во последните три седмици, додека во вторникот во истиот период од денот изнесуваше 1,0875 долари. Американската валута ослаби и во однос на јапонскиот јен, па се лизна од вчерашните 119,10 на 118,85 јени.

„Аналитичарите се претпазливи пред пораките на Fed. Веруваме дека челниците на централната банка ќе порачаат оти очекуваат забрзување на растот на економијата во второто тримесечје, по забавувањето во првото. Но не очекуваме некои позначајни краткорочни поттикнувања на курсот на доларот“, се вели во белешката до клиентите на аналитичарите на „Citi“.

Во среда попладне ќе биде објавена и прелиминарната процена на растот на американската економија во првиот годинешен квартал. Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваа дека растот на американскиот бруто домашен производ (БДП) е забавен за само 1 отсто на годишно ниво, поради лошите временски прилики и штрајкот во пристаништата.

Цените на нафтата, пак, во средата претпладнето паднаа за 20-ина центи. На лондонскиот пазар се тргува по 64,40 долари за барел, додека на американскиот по 56,60 долари за барел нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП