Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Европското движење, амбасадите на земјите-членки на ЕУ и други локални институции, ќе организираат и поддржат повеќе од 50 настани со цел да го прослават 65-от роденден на Европската унија и да им го приближат процесот на европска интеграција на граѓаните.
Денот на Европа 2015 ќе биде прославен на многу начини, вклучувајќи го и традиционалниот настан Денот на европското знаме, Скопскиот маратон по повод Денот на Европа, Европскиот хепенинг во Скопје, како и бројни дебати, предавања, натпревари, културни настани и локални прослави кои ќе се одржат низ целата земја.
ЕУ Инфо мрежата – ЕУ инфо точките во општините Дебар, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Велес – ќе организираат хепенинзи за Денот на Европа со цел да се прослави европската идеа на локално ниво.
Автобусот на ЕУ, оваа година повторно ќе патува низ земјата и ќе ги посети следните села: Порој, Кривогаштани, Чегране, Конче, Черкези, Негорци, Петровец, Пласница, Облешево и Просениково.