18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan стартуваше со подготовка на новиот Juke

Nissan стартуваше со подготовка на новиот Juke

juki2

„Nissan“ веќе работи на наследник на својот компактен кросовер „Juke“, кој треба да биде прикажан пред публика во 2016-та година. Ова го пишува „Autocar“ кој открива детали за моделот.

Во „Nissan“ не планираат радикални промени во дизајнот на возилото, бидејќи неговиот храбар и во голема мера контроверзен изглед го направи многу популарен. Сепак, се очекува следниот „Juke“ да добие некои црти, позајмени од концептот „Nissan Kicks“.

Главните измени ќе влијаат на техничките детали и опремата на кросоверот. Моделот ќе биде „преместен“ од старата „B0“ на новата платформа „CMF-B“, на која се изградени последните генерации на „Nissan Micra“ и „Renault Clio“.

Покрај зголемувањето на безбедноста и повеќе совршена архитектура, новата модуларна шасија ќе му помогне на „Nissan“ да ги намали трошоците за производство на моделот. Заштедените средства ќе бидат инвестирани во подобрување на квалитетот на внатрешноста и опремата на „Juke“.

Во палетата мотори на моделот се очекува да биде вклучен и 3-цилиндарски бензински мотор, кој се нуди на моделот со иста платформа како и „Juke“ – новата генерација на „Nissan Micra“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП