ЕКОНОМИЈА

Можете ли да замислите? За ова работно место се пријавиле 1,7 милиони луѓе

filloutjobapplicationsm

Криза е, невработеноста не се намалува, а луѓето се во потрага по работни места кои ќе им донесат безбедност.

Таква логигка преовладува и кај нас, но и во Индија.

Најголемата индиска државна банка прими 1,7 милиони апликации за почетна чиновничка позиција и вети дека ќе ги разгледа сите.

Работно место за цел живот

Ова е најбараното место во Македонија. Заработете 60.000 евра за шест месеци.

Претседателот на државната банка на Индија, Пратип Чаудури, се покажа многу заинтересиран за добар маркетинг и атрактивни услови за вработување, така што идните работни места да бидат за ,,цел живот” во јавниот сектор на Индија, што е многу привлечно за луѓето, пренесе агенцијата Франс Прес.

,,Овој пат направивме добра реклама, ги опишавме позициите и пакетот до детали, и тоа привлече големо внимание”, рече Чаудури.

Атрактивни услови

За работа во Мумбаи, банката понуди стартен пакет од 1.270 долари месечно за време на пробниот период, плус додаток за сместување, што е атрактивна понуда во време на високи цени на пазарот на недвижнини.