5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната пензија во Франција 1032 евра

Просечната пензија во Франција 1032 евра

penzioneri-eu

Основната пензија за 13,7 милиони француски пензионери минатата година во просек изнесуваше 1032 евра.

Заводот за пензиско осигурување (Cnav) во Франција соопшти дека основата пензија минатата година во просек пораснала за 1,4 проценти односно за четири евра, од 1028 на 1032 евра.

Просечната старост на француските пензионери минатата година благо пораснала, од 73,4 на 73,6 години.

Повеќето француски пензионери, односно 89,4 проценти пензионерските денови ги поминуваат во континентална Франција. Голем број живеат во регионот на Париз, на југоистокот од земјата и на западниот брег.

Дури секој десети француски прензионер живее во прекуморските региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП