23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТодоров во посета на Софија за унапредување на соработката во областа на...

Тодоров во посета на Софија за унапредување на соработката во областа на неонатологијата

nikola-todorov-4-

Министерот за здравство, Никола Тодоров денес престојува во работна посета на Софија, Бугарија, соопштуваат од ресорното министерство.

Во рамки на посетата, министерот придружуван од доктори од Универзитетската клиника за детски болести и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, ќе оствари работна средба со менаџментот на Универзитетската болница „Мајчин дом“ – Софија, предводен од проф.д-р Виктор Златков.

На средбата ќе се разговара за унапредување на соработката во областа на неонатологијата, со посебен фокус на можностите за едукација и стручно доусовршување на македонските доктори во оваа медицинска област, имајќи предвид дека одделот за неонатологија во оваа болница е најголем од ваков вид на ниво на целата држава.

На средбата ќе бидат разменети искуства меѓу докторите од македонските универзитетски клиники и нивните колеги од Бугарија.

Оваа работна посета е во рамки на континуираните разговори и заложби на ниво на Министерството за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, во насока на унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка.

По одржување на работната средба, министерот Тодоров во 13:30 часот ќе ја посети аптекарската станица во општина Лозово, Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП