5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЧетврти роднокрајни поетски средби во Струмица

Четврти роднокрајни поетски средби во Струмица

Image (75)

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, во среда со почеток во 20 часот во Sub Club Струмица ги организира четвртите по ред „Роднокрајни поетски средби“.

„Во една речиси нова, но проверена атмосфера, со желба да стане традиција, веќе четврти пат по ред го организираме овој настан кој е важен за сите оние кои се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен жанр во литературата, кој суптилно навлегува во интимата на секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред струмичката публика. Со уште едно ново издание на „Роднокрајните поетски средби“, докажуваме дека имаме тенденција да станеме препознатлив настан на кој ќе се промовираат автори од Струмица и пошироко“, велат организаторите.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо. По успешно реализираните три изданија на оваа манифестација, на сцената на роднокрајни поетски средби досега учество зедоа повеќе од триесетина автори од Струмица и регионот и се планира оваа манифестација да стане традиционална и да се одржува редовно секој месец.

„Иако можеби некој ќе си помисли дека поезијата сè помалку се чита, а списанијата сè помалку ја застапуваат оваа книжевна форма, поезијата сè уште постои, можеби нејзиниот животен простор станува видливо сè потесен и потесен, затоа и овој пат „Роднокрајните поестки средби“ ќе направат нов резерват во кој ќе го заштитат овој заштитен и редок вид на изразување, со што ќе помогнат во успешното зачувување и пренесување на идните генерации“, велта организаторите.

На четвртите „Роднокрајни поетски средби“ е планирано да настапат десетина поети со нивното поетско творештво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП