5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСветски ден на танцот

Светски ден на танцот

tanc333

Во месецот на танцот, Интерарт културниот центар, кој ја започна традицијата на прославување на истиот во 2003-та година, ја испраќа својата, воедно, македонската порака на ЦИД УНЕСКО по повод Светскиот ден на танцот, 29-ти април.

Годинава, во тек со светските трендови, пораката ја потпишува еден млад кореограф и танчер, со цел да се даде можност на младите да го искажат своето мислење и да ја пратат својата порака до светот.

„Танцувај и биди свој…Не е до кореографијата, до енергијата е. Твојот ритам на дишење е поинаков од на оној до тебе. Некогаш и наједноставното движење значи многу, за некој е посебно. Нема потреба од многу говорење, останете интимни, телото открива се“, вели Адријана Данчевска, танчер и кореограф на Скопје Танцов Театар

Адријана Данчевска е професионален современ танчер и кореограф, кој работи во Скопје танцов театар, Македонија. Таа припаѓа на најмладата герација дипломирани танчери на Скопје танцовата академија, под менторство на професор Рисима Рисимкин. Како танчер настапува во севкупниот репертоар на Скопје Танцова Академија и Театар од 2011-та година до денес. Работи со различни кореографи: Рисима Рисимкин, Џоан ван дер Маст, Тим Персент, Џенис Бренар, Катцура Кан, Антонело Тудоско и др. Дебитира како кореограф во 2014-та година со кратката кореографија „32°“, во рамките на Танц Фест 2014-та. Во 2015-та ја прави својата втора кореографија „Жива, на некое друго место“. Во јуни 2015-та, Данчевска ќе претстојува три недели во Прага, како претставник на Скопје Танцовиот Театар, во проектот со јапонскиот кореограф Јукио Сузуки, на една од најзначајните современи танцови куќи „Танец Прага“ од Република Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП