8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСакате да инвестирате како Ајкан и Акман?

Сакате да инвестирате како Ајкан и Акман?

investitori22

Од денес стартува индексен фонд, кој ќе инвестира во компании кои влегуваат во портфолијата на инвеститори активисти, како Карл Ајкан и Бил Акман.

Фондот се нарекува „Global X Guru Activist Index ETF“ (ACTX) и ќе инвестира во избраните компании од 50-те најголеми и најуспешни инвеститори активисти.

Стратегијата на овој род инвеститори е да купуваат голем број на акции и удел во една компанија со цел да се здобијат контрола и место во одборот на директори и да ја насочат во нивната посакувана насока. Најчесто тие се обидуваат да ги зголемат програмите на компаниите за откуп на акции или дивидендите.

Другите нивни цели можат да вклучуваат реструктуирање или спојувања и преземања со други компании. Активностите на активистите обично доведуваат до зголемување во цената на акциите, па поради тоа често се соочуваат со критики од инвеститорите, ориентирани кон вредноста, како што е Ворен Бафет, а причината е нивниот краткорочен фокус и цели.

Откако се направи листа на сите позиции на 50-те најголеми инвеститори, 50-те најголеми позиции од оваа листа влегуваат во составот на портфолиото на наведениот индексен фонд. Тоа ќе се прави секој квартал.

Од „Global X“ нема јавно да ги објавуваат имињата на 50-те активисти чии портфолија се копираат, но со оглед на позициите во Фондот, во листата влегуваат имињата на Карл Ајкан и Бил Акман.

Шест од 10-те најголеми позиции во фондот кој го контролира Ајкан влегуваат во портфолиото на индексниот фонд, меѓу кои се имињата како „Apple“ и „eBay“.

Повеќе од половина од позициите во фондот од Акман, „Pershing Square Capital Management“, се исто така се во портфолиото на фондот, меѓу кои се компаниите како „Zoetis“ и „Canadian Pacific Railway“.

Интересен е фактот дека Фондот дава подеднаква тежина на сите компании кои влегуваат во него, за разлика од повеќето индексни фондови кои даваат поголема тежина на поголемите компании според пазарната капитализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП