8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезначителен пад на нафтата на пазарот во Њујорк

Незначителен пад на нафтата на пазарот во Њујорк

 

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Барелот нафта на американските пазари во вторникот забележа незабележителен пад и се задржа блиску нивото од 57 долари, а според аналитичарите во блиска иднина нафтата може да скокне до 70 долари за барел.

Во вторникот на стоковиот пазар во Њујорк со барел нафта од брендот WTI (западнотексашка светла), се тргуваше по 0,16 отсто пониска цена отколку претходниот трговски ден, односно по 56,97 долари за барел.

Во почетокот од тргувањето на американскиот пазар, цената на јунските фјучерси скокна за 0,3 отсто, до 57,16 долари за барел, откако медиумите повикувајќи се на Пентагон јавија дека иранската морнарица запленила товарен брод, иранската агенцијата Fars објави дека бродот кој пловел во Персискиот залив под знаме на Маршаловите острови бил запленет по наредба на министерството за финансии поради проблеми со сопственикот на бродот, компанијата „Maersk“.

„Со приближувањето на нуклеарниот договор меѓу САД (и другите пет светски сили – з.м.) и Иран, се зголемуваат тензиите во овој регион, така што секој настан кој има некаква поврзаност со САД директно влијае врз цените на нафтата“, вели за Reuters Џон Килдафф, партнер во „Again Capital LLC“.

Инвеститорите, исто така, се во очекување на податоците од управата за енергетски информации (EIA) при министерството за енергија на САД, која во среда ќе ги објави податоците за резервите од нафта на неделно ниво во земјата заклучно со 24-ти април. Аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваат зголемување на резервите за уште 1,333 милиони барели. Претходната седмица тие се зголемија до 489 милиони барели нафта.

Меѓутоа, како што смета Нориел Рубини, познатиот американски економист, предавач на бизнис школата Штерн на Њујоршкиот универзитет, во блиска иднина цените на нафтата може да се зголемат до 70 долари за барел.

„Сметам дека за помалку од половина година цените на нафтата постепено ќе одат нагоре. Најмногу до крајот на следната година тие ќе достигнат 70 долари, и тоа од две причини. Прво, можно е обновување на побарувачката, а второ, уште поважно, е што компаниите производители сега ги намалија трошоците за околу 30 отсто. Со текот на времето, ова намалување на инвестициите во производството на нафта ќе доведе до намалување на обемот на производството, а тоа од своја страна ќе влијае врз цените на нафтата. Светот повеќе нема да се врати на цените близу 100 долари за барел“, рече Рубини за телевизискиот сервис на агенцијата Bloomberg.

Според американскиот економист, „нормалната цена“ на нафтата од околу 70 долари за барел, ќе се задржи на пазарот во период од неколку години.

Рубини, исто така, смета дека врз цената на нафтата ќе влијаат и геополитичките фактори. „Саудијците сакаат да го задржат уделот на пазарот и затоа тие се подготвени извесно време да ги задржат цените на ниско ниво, така што од пазарот би излегле сите оние коишто имаат високи трошоци на производството. Инвестициите во развојот на производството на нафта ќе се намалат, а уделот на Саудијците на пазарот со текот на времето ќе расте“, појасни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП