17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит променливо движење на индексите, остар пад на акциите на Twitter

На Волстрит променливо движење на индексите, остар пад на акциите на Twitter

twitter-berza

На Волстрит тргувањето во вторникот се одвиваше со осцилации, предизвикано од негативниот тренд на компаниите од технолошкиот сектор.

Индексот Dow Jones, главен показател на деловната активност во САД, зајакна за 0,4 отсто, на 18.100 поени, додека индексот S&P 500, кој ги вклучува 500-те најголеми компании на американскиот пазар, додаде 0,28 отсто, на 2.114 поени, а индексот на електронската берза Nasdaq загуби 0,1 отсто, на 5.055 индексни поени.

Врз динамиката на индексот Nasdaq влијаеше неочекуваниот пад на акциите на мрежата за микроблогирање Twitter на еден час пред затворањето на трговскиот ден, кога извештајот за деловните активности на компанијата во првиот квартал од 2015 година беше објавен порано од најавеното и покажа приход од 436 милиони долари, што е помалку од проектираниот приход од 456,2 милиони долари. Поради тоа, акцијата на Twitter, паднаа за 18 отсто, на 42,27 долари.

„Се поставува прашањето зошто челниците на компанијата не го предвиделе ова. Се чини дека никој претходно не ја довел во прашање способноста да генерираат приходи“, вели Виктор Ентони, аналитичар во „Axiom Capital Management“.

Многу активно во вторникот во текот на целиот ден се тргуваше со акциите на фармацевтскиот гигант „Merck Co“, кои пораснаа за 5,04 отсто. Компанијата објави дека приходот во првиот квартал изнесувал 9,42 милијарди долари, односно за 430 милиони долари повеќе отколку што се очекуваше. За 3,4 отсто пораснаа и акциите на најголемата поштенска компанија UPS, според чиј извештај во првото тримесечје обемот на пренесените пратки се зголемил за 2,8 отсто.

„Инвеститорите беа храбрени од приходите кои ги надминаа очекувањата. Кога станува збор за очекувањата, пак, се чини дека границата беше спуштена многу ниско, што самото посебе и не е толку невообичаено. Така фактички постигнатите резултати се покажуваат во поодбра светлина“, коментира Дејвид Џој, шеф на одделот за стратешки анализи во компанијата „Ameriprise Financial“.

Меѓу компаниите чиишто акции покажаа негативна динамика беше технолошкиот гигант Apple, чија акција падна за 2,09 долара или за, 1,58 отсто на 130,56 долари за акција. Ова се случи и покрај позитивните резултатите од кварталниот извештај на компанијата, кој покажа раст на приходите за 27,1 отсто на 58,01 милијарди долари, при што обемот на продажбата на смартфоните iPhone достигнала 61,2 милиони долари и 12,6 милиони долари од продажбата на таблетите iPad.

На расположението на инвеститорите влијание имаше податоците од новиот извештај на независната истражувачка агенција Conference Board, кој се базира врз анкетирање на 5.000 семејства, и го искажува индексот на доверба на потрошувачите, која ги зема предвид и актуелната состојба во економијата и очекувањата за иднина. Во април индексот на довербата на потрошувачите, според оваа агенција, изнесувал 95,2-процентни поени, што е најниското ниво од ланскиот декември, додека во март изнесување 101,4-процентни поени. Аналитичарите очекуваа пораст на априлскиот показател на 102,05 поени.

„Падот на овој индекс во април се должи на факторите, како што се слабата динамика на пазарот на трудот и соменвањата во врска со краткорочните изгледи за економијата“, изјави Лин Френо, директор на одделот за економски показатели во „Conference Board“.

Цената на барел нафта од брендот WTI на стоковата берза во Њујорк во вторникот падна 0,16 отсто, на 56,97 долари за барел. Цената на унца злато, пак, падна за 0,20 отсто, на 1.211,30 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП