25 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама: TPP е добар за САД и Јапонија, не е насочен против...

Обама: TPP е добар за САД и Јапонија, не е насочен против Кина

Image (74)

Американскиот претседател Барак Обама и јапонскиот премиер Шинзо Абе азиско-пацифичкиот трговски договор (Транспацифичкот партнерство – TPP), кој е предмет на преговори, го оценија за полезен за економиите на двете земји, истакнувајќи дека тој не е насочен кон запирање на јакнењето на моќта на Кина.

Двајцата челници разговараа во вторникот за напредокот во преговорите за Транспацифичкото партнерство, трговски договор меѓу САД, Јапонија и десет други азиско-пацифички земји. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е убеден оти е можно договорот да биде постигнат.

„Транспацефичкото партнерство ќе биде полезно за сите страни, бидејќи ќе им понуди на сите исти можности и погодности. Договорот ќе биде добар за работниците од двете земји“, изјави Обама на заедничката прес-конференција со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Трговските преговори меѓу САД и единаесетте земји од Азиско-пацифичкиот регион некои го гледаат како начин на Кина да ѝ биде одземена доминацијата во економската моќ во регионот. Обама, меѓутоа, тоа го негира и тврди дека TPP не е насочен против Кина, туку е добар за САД, „без оглед на тоа што Кина прави“.

„Не мислиме дека силниот американско-јапонски сојуз би требало да биде гледан како провокација. Тоа партнерство е добро за САД и за Јапонија, но и за остатокот од регионот и светот“, истакна Обама.

Според него, TPP ќе послужи како модел за меѓународните трговски спогодби, вклучително и за Кина. Обама, исто така, рече дека САД го поздравуваат „мирољубивиот напредок на Кина но и предупреди на „тензиите“ во регионот поради споровите околу правото на некои острови и на поморските патишта и добра.

САД цврсто стојат до Јапонија, кога станува збор за островите Сенакку (Дијаоју, на кинески), кои ги присвојуваат уште и Кина и Тајван а јапонската влада пред две години ги откупи од едно семејство, и со Токио ја споделува загриженоста во врска со активностите на Пекинг во Кинеското Море, рече американскиот претседател. „САД и Јапонија се залагаат за слободната пловидба, почитувањето на меѓународното право и мирното решение на споровите без притисоци“, рече Обама на прес-конференцијата во Белата куќа.

Вашингтон неодамна предупреди на „дестабилизирачките активности“ на Кина во Јужнокинеското Море, каде што Пекинг започна градење на гребени на островите Спратлејс, околу кои со децении спорат неколку земји во регионот. „Вашингтон и Токио се загрижени поради кинеското градење во Јужнокинеското Море“, порача Обама.

САД и Јапонија во 1960 година го потпишаа Пактот за заемна соработка и безбедност, а во понеделникот официјално ја зајакнаа воената соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП