18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Најлошото е зад нас во економијата

Путин: Најлошото е зад нас во економијата

putinvladimirputin22

Најлошиот период од економската криза во Русија е завршен, бидејќи економијата на земјата се прилагодува на новите реалности, изјави во вторникот рускиот претседател Владимир Путин.

„Сега е јасно, кога станува збор за економската криза, дека најлошото мина, дека најлошото е зад нас“, изјави Путин на прес-конференцијата во Санкт Петербург.

Руската економија западна минатата година во рецесија поради драматичниот пад на цената на нафтата, главниот руски извозен производ, како и санкциите на Западот поради украинската криза, со што е ограничен пристапот на руските банки до меѓународните кредитни пазари.

Рускиот претседател смета дека руската економија може „да ја издржи бурата“, бидејќи се прилагодила на тешкотиите. „Ниту имаше, ниту ќе има колапс на економијата“, убеден е Путин. Повеќепати претходно рускиот челник повторуваше дека кризата и санкциите имаат позитивно влијание, затоа што покажале кон кои насоки треба да се движи руската економија.

Путин, исто така, истакна и дека руската рубља последните седмици значително зајакнала, и дека во моментов нејзиниот курс во однос на американскиот долар е 52 рубљи, додека во јануари изнесуваше 70 рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП