19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на доларот слабее кон еврото по статистиката од САД

Вредноста на доларот слабее кон еврото по статистиката од САД

1403075710_dolar-1

Вредноста на американскиот долар ослабе на валутните пазари во САД во однос на еврото во вторникот навечер, во услови на слабите статистички показатели од САД.

Во вторникот навечер курсот на еврото во однос на доларот зајакна на 1,0970 долари, од претходниот курс пред затворањето на европските валутни пазари од 1,0890 долари за евро. Курсот на американската валута во однос на јенот, исто така, се спушти на 118,6 јени, од 119,04 јени од претходното затворање на американските пазари. Индексот на доларот, курсот на американската валута кон кошницата од шесте важни светски валути најголеми трговски партнери на САД, се намали за 0,76 отсто, на 96,13 поени.

Во вторникот беа објавени показателите кои покажаа дека индексот на довербата на потрошувачите во САД неочекувано паднал во април на 95,2 поени, од ревидираниот мартовски показател од 101,4 индексни поени, кој беше ревидиран на 101,3 поени. Индексот на актуелните економски активности во април, исто така, се спуштил на 87,5 поени од 96-те мартовски поени. Индексот на економските услови, пак, паднал на 106,9 од 109,5 поени колку што изнесуваше минатиот месец.

Евалуацијата на индексот на довербата на потрошувачите дојде по низата други слаби показатели, вклучително и активноста на индустриските компании, индустриското производство и продажбата на нови домови.

„На почетокот од годинава ситуацијата на валутните пазари беше во полза на зајакнувањето на доларот. Но тоа се промени по серијата слаби показатели од економијата. Некои инвеститори, кои играа на раст на доларот, веќе ги затвораат своите позиции“, коментира за The Wall Street Journal Камила Сатон, валутен стратег во „Scotiabank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП