9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО: Загадувањето на воздухот во Европа чини 1,6 билиони долари годишно

СЗО: Загадувањето на воздухот во Европа чини 1,6 билиони долари годишно

Air-pollution-in-London--001

Загадувањето на воздухот во Европа зема сè поголем данок, предизвикувајќи повеќе од половина милион смртни случаи и нанесувајќи економска штета од 1,6 билиони долари годишно, објави во вторник Светската здравствена организација(СЗО).

Тоа во 2012 година изнесувало десетина од годишниот БДП на Европската унија(ЕУ), објави во вторник регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

Од последиците на ситните нечисти честички што ги испуштаат автомобилите, индустријата или огревот по домовите, во 53 европски земји во 2010 година починале околу 600 илјади луѓе.

Загадувањето на воздухот предизвикува болести на крвниот систем, мозочни удари и рак на белите дробови.

„Доказите со кои располагаме мораат да бидат поттик до сите влади за почеток на дејствувањето“, рече Жужана Џејкаб, водител на европскиот оддел на СЗО.

Загадениот воздух е виновник за најголемата релативна економска штета во источна Европа.

Грузија е на неславното прво место во Европа според трошоците поврзани со прераната смрт на населението предизвикана од загадувањето на воздухот, а трошоците на Србија, Бугарија, Киргистан и Украина заради загадувањето изнесуваат меѓу третина и четвртина од нивното економско производство.

Дури 90 отсто од Европејците на отворен простор се изложени на поголемо количество нечисти честички од нивото што го дозволува СЗО, а во земјите со пониски приходи проблем е и загадувањето во затворено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП