6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата тврди дека Грција нема да успее без нови заеми

Еврогрупата тврди дека Грција нема да успее без нови заеми

Image (72)

Челникот на Еврогрупата, министрите за финансии на земјите од еврозоната, Јероен Дијселблом, во вторникот изјави дека ниту новиот состав на екипата на грчкиот премиер Алексис Ципрас нема самиот посебе да ја разреши безизлезната ситуација во којашто се најдоа Грција и нејзините доверители, како и дека на Атина ѝ е неопходен нов заем за да остане „на површината“.

„Без нови заеми Грција нема да успее, тоа е реалноста“, рече во телевизиското интервју Јероен Дијслеблом. Додаде дека именувањето на едно единствено лице за контакт за преговорите би можело да биде од помош, со што грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис е оставен настрана, но дека во изминатите два месеца напредокот е одвај забележителен, како и оти не мисли дека грчкиот референдум за договорот со доверителите е добра идеја.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, имено, изјави дека за можниот договор меѓу неговата влада и надворешните кредитори, ЕУ и ММФ, ќе бара одобрување од народот доколку се покаже дека условите се поинакви од програмата врз чија основа ја водеше кампањата.

„Тоа би чинело пари, би создало голема политичка нестабилност и мислам дека за тоа немаме време. Мислам дека ниту Грција за тоа нема време“, изјави Дијселболм.

Холандскиот министер, исто така, истакна дек владата на Грција не би смеела да биде изненадена од тоа што Европската централна банка (ECB) не ги намали ограничувањата на износот од грчкиот долг кои банките може да го искористат како колатерал, односно инструмент за кредитна заштита, независно од степен на кредитниот квалитет.

„Грчката влада се коцкаше со тоа дека доколку испреговори со нас, тогаш ECB ќе ги отвори своите ‘шалтери за исплата’ и ќе ги ублажи правилата, но тоа нема да се случи доколку не биде постигнат цврст договор со Европгрупата. Тоа непрестајно им се повторува“, рече Дијсеблом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП