ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар го зголемува данокот на добивка

Кипар го зголемува данокот на добивка

kipar2

Кипар се согласи да го зголеми данокот на добивка, кој моментално изнесува 10 проценти, со цел да добие меѓународна финансиска помош и да го избегне банкротот.

Како што кажа советникот на кипарскиот претседател, добитникот на „Нобеловата награда за економија“, Кристофер Писаридес, владата во Никозија ќе прифати зголемување на данокот, но само ако им гарантираат дека подолг временски период нема да има поголемо покачување, затоа што во спротивно, компаниите ќе се обесхрабрат да работат во Кипар.

„Не е важно дали стапката ќе се зголеми на 12,5 проценти, 11,5 или на 11 проценти. Важно е да можеме да кажеме со целосно убедување дека таа нема да се менува понатаму и дека долги години ќе остане на истото ниво“, изјави Писаридес.

Тој, исто така, изјави дека кипарската власт строго се спротиставува на воведувањето данок на берзански трансакции како услов за добивање финансиска помош, затоа што тоа би „нанело голема штета“ на Кипар.

Единаесет земји од Европската унија, вклучувајќи ги Франција и Германија, сакаат да го воведат тој данок, но останатите се неодлучни. Велика Британија, која не го користи еврото, одлучно се противи на воведувањето на тој данок. Писаридес вели дека Кипар ќе го прифати само ако го прифатат сите членки на еврозоната.

Економијата на Кипар е мала и неразвиена, таа учествува со само 0,2 проценти во вкупното економско производство на земјите во еврозоната, но потребни и се 17 милијарди евра за да ги спаси своите банки и да ја задржи својата солвентност.

Сумата која како помош ја бара Кипар е еднаква на бруто домашниот производ на земјата, со што се фрла сомнеж врз нејзината способност да ги исплаќа кредиторите.

ТРЕНДИНГ

НАЈНОВИ ВЕСТИ