21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри милијарди евра аванс за Грција за Турски тек

Три милијарди евра аванс за Грција за Турски тек

turkish_stream3333

Грција може да добие до три милијарди евра како руски аванс во случај да склучи договор за изградба на транзитен гасовод преку нејзина територија за испорака на руски гас во рамки на проектот Турски тек, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за Стар ТВ.

Според неговите зборови, како резулат на реализацијата на проектот на територијата на Грција ќе биде изграден европски енергетски јазол, што ќе ја снижи цената на енергијата за Грција. Притоа, Атина смета дека услов за изградба на гасоводот е усогласеност со сите барања на европското законодавство.

Претходно германските медиуми објавија дека во рамки на договорот со Москва за Турскиот тек, Атина ќе добие аванс до пет милијарди евра, Меѓутоа, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков тоа го демантираше.

Русија и Грција ја разгледуваат можноста за изградба на грчки крак на Турскиот тек. Проектот, како што најавија претставниците на руската страна, може да го реализира руско-европски конзорциум во согласност со европското законодавство.

Гаспром има намера преку територијата на Грција да транспортира 47 милијарди кубни метри гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП