7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цената на нафтата во пресрет на извештајот за залихите во...

Пад на цената на нафтата во пресрет на извештајот за залихите во САД

nafta-cena-naftata

Цената на барел нафта на светските берзи во вторникот падна во пресрет на објавата на неделниот извештај за состојбата со американските залихи, а се очекува дека податоците ќе укажат ново високо ниво на залихите.

На лондонската берза цената на барелот падна 43 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 64,40 долари. На американската берза со барелот се тргува по 40 центи пониска цена, од 56,59 долари.

Се проценува дека американските комерцијални залихи на сирова нафта во минатата недела пораснале 16. недела по ред, над рекордните 489 милиони барели, иако бројот на активни ископини е намален, покажа прелиминарното истражување на Reuters објавено во понеделникот.

„Цената на сировата нафта нагло скокна врз основа на очекувањата дека американското производство ќе паѓа, како и залихите. Статистиката би требало тоа да ни го потврди, пред да тргнеме  во натамошно купување на нафта“, рече Оливие Јакоб од швајцаски Petromatrix.

Цената на барел во Лондон кон крајот на минатата недела достигна највисоко ниво во последните четири ипол месеци, од 65,80 долари, а на американскиот пазар растат шест недели по ред, поттикната од други позиции во двата договора, додека шпекулантите се обложуваат дека американското производство од шкрилци ќе падне.

Саудискиот министер за нафта Али ал-наими рече во Пекинг дека очекуваат да продолжи растот на азиската побарувачка и дека Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник, е подготвена да ја задоволи побарувачката.

Судирите во Јемен, Сирија и непланираниот застој во Северното море и Бразил го поттикнаа Barclays да ја крене прогнозата за цената на нафтата. Оваа банка ја крена прогнозата за цената на баелот во Лондон во 2015 година за 9 долари, на 60 долари, а во 2016. за 7 долари, на 64 долари. Но сепак, како што предупредува банката, пазарот на нафта сеуште не ги реши своите потешкотии и поради слабите фундаменти ќе преовладува опимистичкото расположение на пазарот во второто тромесечје.

Одвоено OPEC на своите интернет страница објави дека цената на барел кошничка нејзина нафта во понеделникот изнесувала 61,06 долари, што значи дека пораснала за 11 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП