24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКатар ја намамува англиската четворка

Катар ја намамува англиската четворка

qsl_logo_land_cmyk1

Организаторот на Мундијалот во 2022-та година, Катар има големи планови и за клубскиот фудбал, тие сакаат да започнат Фудбалска лига на соништата со екипи од Англија.

Најверојатно тие планираат да понудат по 200 милиони евра за учество на секој од четирите најдобри европски клубови, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Арсенал.

Планирано е Лигата на соништата да започне во 2015-та година, а во неа ќе учествуваат 24 екипи меѓу кои ќе бидат и другите тимови надвор од Заливот.

Споменатата сума е далеку поголема од онаа што клубовите ја добиваат од Лигата на шампионите, чии награден фонд изнесува околу 680 милиони евра. Минатата година шампионот на Европа, Челзи заработи 54 милиони евра.

Организаторите се надеваат дека споменатите клубови нема да ја пропуштат можноста да заработат четирипати повеќе пари отколку од ЛШ. Конечниот план би требало да биде соопштен следниот месец, а ќе видиме дали англиската четворка ќе се приклучи на екипите од Заливот.

Лигата на соништата најверојатно ќе се игра две години и тоа во текот на летото, а домаќини ќе бидат Катар, Бахреин и ОАЕ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП