18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНеофицијален поглед кон новата Astra (фото)

Неофицијален поглед кон новата Astra (фото)

n astra2

Новата генерација на „Opel Astra“ ќе има премиера во Франкфурт во септември, а веќе се достапни првите шпекулативни слики на популарниот модел. Тие се создадени на база шпионски фотографии и официјални податоци за возилото.

За следната „Astra“ се знае дека ќе има посветол дизајн инспириран од долгорочниот концепт „Monza“. Повисоките верзии ќе располага со предни и задни „LED“ светла, како и со повеќе хромирани елементи.

Во однос на димензиите не се очекуваат сериозни промени, но вкупната тежина ќе биде намалена за барем 100 кг. Главна заслуга затоа ќе има новата платформа „D2XX“ користена и кај новиот „Chevrolet Cruze“.

n astra3

Шпекулациите покажуваат дека новата генерација на моделот нема да нуди верзија „GTC“. Спортскиот модел „OPC“ сепак е потврден за 2017-та година, а ќе користи 1,6-литарски мотор со моќност од 280 КС.

Оваа генерација на „Opel Astra“ нема да се произведува во Германија. Со него ќе бидат натоварени фабриките во Велика Британија и Полска.

Официјалната премиера на „Opel Astra K“ ќе се одржи во септември во Франкфурт. Се очекува моделот да биде откриен барем еден месец порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП