29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија со поддршка за Украина за нормализирање на економската состојба

Македонија со поддршка за Украина за нормализирање на економската состојба

Image (69)

Македонија го поддржува процесот на реформи за нормализирање на економската состојба во украинското општество, порача македонскиот вицепремиер за економски прaшања, Владимир Пешевски, во своето обраќање на „Меѓународната конференција за поддршка на Украина“ која се одржа во вторникот во Олимпискиот национален спортски комплекс во Киев.

Пешевски притоа рече дека потполно ја разбира моменталната политичка и економска ситуација во Украина и дека меѓународната поддршка во оваа фаза е особено значајна, но она што е позначајно е владата на Украина да ги преземе работите во свои раце и што е можно побрзо да изнајде решение за излез од економската криза.

Македонија во последните шест години има одлични економски резултати по спроведените реформи и дека за разлика од 2007 година, кога Македонија беше рангирана на 96 место од Светската банка, денес во 2015 година таа е рангирана на 30 место, што е подобро од повеќе од половината земји членки на Европската унија, рече Пешевски. Во истиот тој период туризмот бележи двоен раст, инвестициите и извозот на стоки се зголемени тројно, а конкурентноста на економијата само во 2014 година во однос на претходната година е подобрена за 10 позиции.

Зборувајќи за искуството од Македонија, вицепремиерот Пешевски, истакна дека вистинските реформи во Украина мора да ги рефлектираат потребите на граѓаните и позитивно да влијаат на животот на луѓето, но и на подобрување на условите за водење бизнис и за привлекување на странски инвестиции во земјата.

„Реформите во Украина мора да се координираат и спороведуваат директно од Владата на Украина, користејќи ги искуствата, пред сé, од домашните експерти, а политичкиот врв мора да биде подготвен на напорна работа, посветеност и одрекувања, со цел брзо изнаоѓање на најсоодветно решение за излегување од кризата“, истакна вицепремиерот Пешевски.

Тој го заврши своето излагање нагласувајќи ја поддршката која Македонија и ја нуди на Украина, истовремено потенцирајќи ја отвореноста и подготвеноста на владата на Македонија за споделување на своите искуства во процесот на реформи на Украина.

Целта на оваа Конференција е координацијата на меѓународната поддршка кон Украина и обезбедување на стабилен проток на информации помеѓу украинската администрација и земјите кои обезбедуват помош и поддршка.

За време на Конференцијата се дискутираа теми кои се однесуваат на постконфликтното обновување на источна Украина,  бизнис климата и инвестициските можности во Украина, аграрните политики и реформите во оваа област, како и енергетска ефикасност.

На Конференцијата присуствуваа над 270 меѓународни претставници од органите на државната управа од  56 земји.

Конференцијата е организирана од Европската комисија и владата на Украина. На конференцијата свои излагања имаа претседателот на Украина, Петро Порошенко, Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, украинскиот премиер Арсениј Јатсенук, и неговиот летонски колеги Лаимдота Страујума, и Јоханес Хан, еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, и американскиот потпретседател Џозеф Бајден, како и други високи официјални лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП