5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајвредната компанија во историјата денес би вредела 7,4 милијарди долари

Највредната компанија во историјата денес би вредела 7,4 милијарди долари

brod121

„The Dutch East India Company“ во своето време, прилагодено на нашите денешни вредности, била највредната компанија во историјата.

Компанијата е основана во 1602 година и таа била првата компанија во историјата која котирала на првата берза во историјата. Таа се занимавала со трговија и транспорт на зачини. Основната конкурентност на „The Dutch East India Company“ била најголемата флота на бродови, кои постојано превезувале стока помеѓу Европа и Азија. Компанијата најмногу пренесувала зачини. Веднаш по нејзиното основање, компанијата забележала метеорски раст и го достигнала својот врв.

Оваа компанија во тоа време била највредната компанија. Компанијата во 1637 година била проценета на 78 милиони холандски гудлени, пресметано во денешна вредност во долари, тоа би изнесувало околу 7,4 милијарди долари.

Компанијата престанала со работа во 1800 година, а доколку оваа компанија беше присутна на пазарот и денес, се смета дека нејзината вредност би била двојно поголема и дека таа би била една од светските најголеми и највредни компании во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП