Стапката на раст на британската економија во првото тромесечје од годината преполовена е во споредба со претходните три месеци на 0,3 отсто, покажаа податоците на британскиот завод за статистика, укажувајќи на продолжено закрепнување на активностите кое започна пред шест месеци.
За споредба, растот на активностите во втората по големина економија во Европската унија во четвртиот квартал изнесуваше 0,6 отсто, по 0,7 отсто во претходниот квартал, објави BBC, повикувајќи се на податоците за државниот завод за статистика (ONS).
Пригушениот раст на БДП-то во првиот квартал во најголем дел произлегува од фактот што растот на активностите во секторот услуги од 0,5 отсто бил поништен од 1,6 отстотниот пад на активностите во градежниот сектор.
На годишно ниво британската економија порасна за 2,4 отсто, објави ONS.
Послабиот раст од очекуваниот претставува лоша вест за конзервативната и либерално-демократската партија со оглед дека во нивните изборни кампањи клучен акцент е ставен на економското закрепнување.
Економистите очекуваа забавување на растот на 0,5 отсто во првите три месеци од годината.