11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на азиските берзи пред седницата на Fed, еврото осцилира а нафтата...

Пад на азиските берзи пред седницата на Fed, еврото осцилира а нафтата паѓа

berzi

На азиските берзи во вторникот цените на акциите паднаа од највисоките нивоа во последните седум години, бидејќи вложувачите се претпазливи поради падот на индексите на Волстрит претстојната седница на челниците на американската централната банка Fedaral Reserve (Fed), што има одраз и врз курсот на еврото и ценaта на нафтата.

На токиската берза индексот Nikkei 225 во претпладневното тргување во вторникот беше во плус 0,6 отсто, додека цените на акциите на берзите во Хонгконг, Шангај, Јужна Кореја, Австралија, и Сингапур паднаа меѓу 0,1 и 0,6 отсто. Оттаму MSCI индексот азиско-пацифичките берзи, без јапонските беше во минус од 0,3 отсто, паѓајќи од највисокото ниво во последните седум години.

На почетокот од тргувањето во вторникот овој индекс беше во блага позитива, благодарејќи на растот на цените на акциите на технолошките компании, откако ноќта Apple извести за подобрите отколку што се очекуваше деловни резултати во првиот квартал од годинава, што го поттикна целиот технолошки сектор. Меѓутоа, набрзо ентузијазмот на инвеститорите спласна, па повеќето азиски берзански индекси во моментов се во минус. Единствено во Токио цените на акциите пораснаа, бидејќи неколку компании најавија зголемување на дивидендите о подобрите од очекуваните квартални деловни резултати.

На другите азиските берзи владее претпазливост, бидејќи во понеделникот на Волстрит индексите S&P 500 и Nasdaq се лизнаа од рекордните нивоа поради остриот пад на цените на акциите во биотехнолошкиот и во здравствениот сектор. Инвеститорите се воздржани и поради тоа што во вторникот започнува дводневната седница на американската централна банка. Иако речиси никој не очекува дека Fed ќе најави зголемување на клучните камати веќе во јуни, бидејќи растот на американската економија забавува, неговите пораки во сред би можеле значително да влијаат на пазарите.

Поради тоа, во вторникот и на валутните пазари владееше претпазливост. Меѓутоа, американскиот долар малку се поправи од падот во понеделникот во однос на еврото. Курсот на еврото, имено, ноќта кон вторникот скокна на 1.0.927 долари, највисокото ниво во последните три седмици, благодарејќи на позитивните вести во врска со Грција.

Грчкиот премиер Алексис Цирпас во понеделникот направи промени во тимот кој ги води преговорите со ЕУ и ММФ, што е протолкувано како намалување на улогата за министерот за финансии Јанис Варуфакис, откако беше остро критикуван на состанокот на министрите за финансии од еврозоната минатиот петок во Рига. Ципрас, исто така, рече дека приоритет на владата де да ги исплати платите и пензиите и оти банкротот на Грција не е опција. Меѓутоа, бидејќи Атина има на располагање сé помалку пари потребни за исплата на досепаните обврски и долгови, и додека преговорите со доверителите не бележат никакво напредок, аналитичарите не исклучуваа можност од банкрот на Грција и нејзино излегување од еврозоната.

Поради тоа еврото во вторникот претпладне ги загуби добивките од понеделникот, па неговиот курс се лизна на 1,0875 долари. Пазарот, имено, е навикнат на негативни вести до Грција и помалку реагира на нив. Но, Грција ќе привлекува повеќе внимание со приближувањето на роковите за исплата на обврските.

И додека во однос на европската валута доларот доста осцилира, курсот на американската валута кон јапонскиот јен е многу стабилен. Во вторникот претпладне се движеше околу 119,10 јени, додека во истиот период во понеделникот изнесуваше 119.,05 јени.

А цените на нафатат, по подолгиот период на раст, во вторникот претпладне паднаа. На лондонскиот пазар цената на барел се лизна за 1,1 отсто, на 64,10 долари, а на американскиот за 1,4 отсто, на 56, 20 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП