2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија во чекор со светскиот тренд: Неформалното образование во подем

Македонија во чекор со светскиот тренд: Неформалното образование во подем

compsci_CulturaCre_2467184b

Растот на тренинг центрите, академиите и другите организации за неформално образование е тренд кој се наметна поради динамичниот развој на одредени индустрии, чии промени формалното образование во светски рамки несоодветно ги следи.

Се работи за индустриите поврзани со напредни технологии, програмирање, социјални и дигитални медиуми, како и веб дизајн. Брзо растечките индустрии, трансформираните пазари, наметнуваат иста динамика и во образованието.

Сличен е трендот и на македонскиот едукативен пазар. Академиите со тесно специјализирани смерови, имаат значителен раст на новозапишаните студенти. Студентите на овие академии варираат во однос на претходно професионално и академско искуство: од студенти кои се запишуваат веднаш по зaврашувањето на средното образование, студенти кои го напуштаат или надополнуваат формалното образование, па сé до среден и висок профил професионалци кои ја менуваат професионалната насока.

Еден од најбрзо растечките едукативни центри во Македонија е Seavus Едукативниот и развоен центар, кој логистички и концепциски се потпира на експертизата на ИТ гигантот Seavus. Едукативниот центар има три академии со интензивни едногодишни студии студии – Академија за програмирање, Дизајн и Компјутерски мрежи на кои во тековната 2014/2015 студираат 120 студенти на сите насоки.

Она што програмата ја прави исклучително атрактивна, од една страна се современите курикулуми, докажаните предавачи и експерти, чија задача е покрај пренесување на знаењето и мотивирањето и инсоирирањето на студентигте, натаму одличните услови за учење и работа и, најважното, стремежот на центарот низ реални проекти и активности, а со тоа да ги подготвува идните професионалци за сите предизвици кои доаѓаат од бизнис средината.

Поаѓајќи од јазот што постои меѓу потребата од експерти кај работодавачите и недостигот од подготвенсот кај дипломираните студенти, Seavus едукативниот центар развива персонализирана едукативна програма којашто, од една страна, го потенцира и насочува талентот на студентите, а, од друга страна, пак, ги претвора во кадри подготвени за реална работа и развој.

„Огромно е задоволството кога наши студенти се интервјуирани и регрутирани од познати домашни, па и странски компании уште за време на студирањето. Тоа е поттик и за другите кои студираат, а најголем за нас, бидејќи тоа е доказ за квалитетот на програмата. Токму врската меѓу образованието и индустријата е клучот за заемни достигнувања. Оваа важна спрега се трудиме да ја обезбедиме на уникатен и, пред сé забавен начин, преку секојневно приблиување на овие навидум различни света обезбедувајќи различни модели на менторирање“, објаснува Весна Ивановска, директор на Seavus едукативниот центар.

„Овогодинешната кампања е под слоганот ‘Be the difference, Маке а difference’, што подеднакво се однесува и на центарот како пионер кој донесе вистинска промена на пазарот на ИТ едукација, но и на нашите сегашни и идни студенти кај кои градиме култура на одличност, уникатност и револуционерност и препознатливост“, додаде Ивановска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП