19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка ќе исплати 7,7 милиони евра дивиденда

НЛБ Тутунска банка ќе исплати 7,7 милиони евра дивиденда

nlb tut2

НЛБ Тутунска банка АД Скопје денеска соопшти дека заокружила уште една во низата успешни години, со остварена нето добивка од 10,9 милиони евра и билансна сума од над една милијарда евра.

Резултатите од работењето на банката беа објавени на Годишното акционерско собрание, кое се одржа на 28-ми април 2015-та година, при што е констатирано дека НЛБ Тутунска банка ја оствари една од најуспешните деловни години.

Нето добивката на Банката за 2014-та година изнесува 10,9 милиони евра, повратот на капиталот РОЕ е 10,8%, билансната сума е 1.055  милиони евра, додека нивото на нефункционални пласмани се задржа на 8,1%, со што Банката повторно оствари подобри резултати од просекот на македонскиот банкарски сектор, и традиционално веќе 29 години, според сите параметри на ликвидност, солвентност и профитабилност се издвојува како една од најуспешните и најстабилните банки во Македонија, стои во соопштението.

На Собранието на акционерите, беше одлучено 70% од остварена добивка од 2014-та година или 7,7 милиони евра да се исплати како дивиденда за акционерите, или 9 евра по акција што е највисока објавена дивиденда годинава меѓу компаниите кои котираат на Берзата. Останатите 30% или 3,2 милиони евра ќе се задржат за инвестиции во основни средства, што ќе овозможи понатамошен развој и проширување на традиционалните и електронските продажни канали, раст на кредитните активности, висока ликвидност и висока адекватност на капиталот.

На Собранието на акционерите беше усвоена и Деловната политика на Банката за 2015-та година, како и Стратегијата за следниот петгодишен период, која е продажно ориентирана и предвидува зголемување на постојното кредитно портфолио, со посебен акцент на кредитирање на микро, малите и средни претпријатија и населението, полесна достапност до услугите и нови функционалности на платните системи, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП