18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и врати на Бугарија над илјада тони јаболки

Русија и врати на Бугарија над илјада тони јаболки

jabuke-300x225

Руската служба за ветеринарски и фитосанитарен надзор (Роселхознадзор) и врати на Бугарија 54 пратки со јаболки со вкупна тежина од над илјада тони.

Роселхознадзор не дозволи наведената количина јаболки да влезат во Русија од мометот на воведување на забраната за рееспорт на производи од Бугарија, пренесе агенцијата Тасс.

Не е дозволен увоз на стока која е проследена со бугарски докумети за реекспорт, кои била издадени врз основа на фалсификувани сертификати на држави кои не се најдоа под руски санкции (Кина, Бразил, Македонија), се наведува во соопштението.

Претходно агенцијата Тасс објави дека Роселхознадзор на 24 април забрани реексорт на растиелни производи од Бугарија поради многубројни случаи на фалсификувани документи за реекспорт.

Од исти причини службата размислува за можноста да воведе слични огранивања за сите растителни производи од Европската унија.

Конкретно, забрана може да биде воведена и за цвеќето кое во Русија пристигнува преку холандските пристаништа, како и за поголем дел на холанското цвеќе.

Еспертите на Роселхознадзор во ноември минатата година изразија сомневање во автентичноста на фитосанитарните сертификати кои ја придржуваат пратката со производи кои пристигнуваа од Македонија и од Албанија и побараа да биде докажана автентичноста на сертификатите.

Роселхознадзор пред неколку месеци изрази загриженост поради драстичниот пораст на увозот на јаболки од БиХ и побара докази за автентичоста на фитосанитаните сертификати.

Русија на 7-ти август минатата година забрани испорака на прехранбени производи од повеќе држави, меѓу кои и членките на Европската унија, како одговор на економските санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП