26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ2012 дефинитивно беше година на германскиот E.ON

2012 дефинитивно беше година на германскиот E.ON

e.on1

Најголемиот германски снабдувач на електрична енергија „E.ON“ изјави дека во 2012 година остварил нето добивка од 2,217 милијарди евра, по загубата од 2,219 милијарди евра во претходната година.

Основната нето добивка, која ги вклучува и еднократните ставки, се зголеми за 67 проценти, на 4,187 милијарди евра.

Оперативниот профит, кој се мери пред каматата и оданочувањето, се зголеми за 16 проценти, на 10,786 милијарди евра. Приходите се зголемени за 17 проценти, на 132,09 милијарди евра, објавува „E.ON“ во годишниот извештај за 2012 година.

Извршниот директор Јоханес Тејсен овие резултати ги нарече „солидни“.

Меѓу главните причини за зголемување на основната добивка, беше значителното подобрување на продажбата на гас.

Позитивни работи кои во оваа компанија се случија во 2012 година беа и проширувањето на производствениот капацитет во Русија и мерките за намалување на трошоците.

За тековната година, од компанијата прогнозираа дека нето добивката ќе изнесува од 2,2 до 2,6 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП