7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуските министерства на дополнителна диета во наредните две години

Француските министерства на дополнителна диета во наредните две години

francijaznamee54g54re4g4re

Францускиот премиер Мануел Валс побара од своите министерства дополнително стегање на ременот со цел трошоците на државата во наредните години да се намалат за 2,8 милијарди евра, како што е предвидено со Законот за програмирање на јавните финансии усвоен минатата есен.

Валс по пишан пат побара од своите министерства, во рамките на планот за намалување на буџетските трошоци, наредната година да ги намалат платите на вработените за еден процент, а трошоците за три проценти, пренесува весникот Еко. Истата задача се предвидува и во 2017 година.

Од економските мерки за штедење исклучени се министерствата за образование, правда, внатрешни работи, а сега и министерството за култура и комуникација.

Министерството за социјални работи ќе го ограничи намалувањето на трошоците на еден процент.

Според пишувањето на економскиот дневник Еко, министерствата ќе имаат време во месец мај и јуни да ги приложат своите сугестии и приговори до Министерството за финании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП