20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТековно одвивање на сообраќајот по влажни коловози

Тековно одвивање на сообраќајот по влажни коловози

vlazni-kolovozi

Сообраќајот на сите патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Според информацијата од ЈП за државни патишта, од понеделникот  на клучките Петровец и Катланово во функција нов режим на сообраќај. Измените во рамките на сообраќајот се следни:

Клучка Петровец:

Исклучувањето и приклучување на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Скопје – Велес, ќе се врши пред наплатна станица Петровец.

Исклучувањето и приклучувањето на автопатот А4 кон и од Петровец, на патниот правец Велес – Скопје, ќе се врши после наплатна станица Петровец.

Клучка Катланово:

Исклучувањето од автопатот А1 кон Катланово, на патниот правец Скопје – Велес, ќе се врши по постоечкиот крак за исклучување. Приклучувањето на автопатот А1 од Катланово кон Велес се забранува, односно се затвара кракот за приклучување на автопатот А1, во правец кон Велес.

Исклучувањето од автопатот А1, од Велес кон Катланово, на патниот правец Велес – Скопје, се забранува, односно се затвара кракот за Катланово. Приклучувањето кон автопатот А1, од Катланово кон Скопје, ќе се врши по постоечкиот крак за приклучување.

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е сеуште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.

Сообраќајот за патничките возила се одвива по постоечка девијација, согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, одобрен од Министерството за транспорт и врски. Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП